Двајца вработени во српската Влада се заразени од мали сипаници. Поради тоа е организирано тестирање на сите министри и службеници, јавија српските медиуми.
Со морбили се заразени еден припадник на обезбедувањето и една хигиеничарка, а доколку се покаже дека некој од вработените нема доволен број на антитела, ќе биде вакциниран.
Според последните информации на Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ од октомври 2017 година во Србија се регистрирани 4.292 случаи на морбили. Од копликации предизвикани од морбили починале 12 луѓе, а последна жртва бил маж од Тутин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.