| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на стихозбирката „Плисок“ од Олга Панкина

Во Друштвото на писателите на Македонија на 29 март (четврток) во 12 часот ќе биде промовирана новата стихозбирка на руската и македонска поетеса, сликарска и преведувачка Олга Панкина, објавена под наслов „Плисок“.

За поезијата на Олга Панкина ќе зборуваат Соња Стојменска Елзесер и Ефтим Клетников, а стиховите ќе ги говори Александра Велинова.

На македонските читатели Олга Панкина до сега им беше позната со поетските книги „Предзимје“ и „Паралелни светови“. Таа е автор на проектот „Библиотека на литературата на Македонија“ во чии рамки ги приреди и ги преведе на руски јазик антологиите „Македонски раскази“, „Современа македонска драма“ и „Современа македонска поезија“. Иницијатор е на едицијата „Македонскиот роман на 21 век“ што од 2014 година се реализира во Москва. Автор е на преводите на руски јазик на 60 книги од македонски писатели.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top