| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Митов: Лошата исхрана е мајка на сите болести

Кардиоваскуларните болести, покачениот притисок, нарушените масти во крвта, како и дијабетот, спаѓаат во групата на болести кои силно зависат од нашиот начин на исхрана. Не само спречувањето, туку и лекувањето на овие болести е под огромно влијание на исхраната, смета д-р Александар Митов, магистр по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето во интервју за „ЖивејЗдраво“.

Според д-р Митов лошата исхрана е мајка на сите болести.

– Дополнително, синдромот на полицистични јајници и поврзаниот инфертилитет, исто се под силно влиjание на животниот стил. Кај автоимуните болести влијанието е индивидуално и многу зависи од самиот пациент како ќе одговори на терапијата со исхрана. Има една поговорка која вели: лошата исхрана е или мајка или татко на сите болести. Кој и да е другиот фактор кој придонел за болеста, животниот стил речиси секогаш е инволвиран – вели д-р Митов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top