| четврток, 6 декември 2018 |

Тевдовски и Алаѓозовски – најслабата алка во Владата на Заев

Премиерот Заев најави пролетна реконструкција на Владата и се погласни се информациите дека министерот за финансии Тевдовски и министерот за култура Алаѓозовски ќе бидат првите кои ќе се збогуваат со оваа владина екипа.

„Слободен печат“ денеска пишува дека и покрај промената во министерската позиција на Министерството за култура, сепак ова Министерство повторно ќе остане во рацете на владејачката партија, само со друг министер. Слична судбина го очекува и Министерството за финансии каде на местото на министерот Драган Тевдовски ќе седне друг човек избран од владејачката партија.

По оставката на министерот за правда Билен Саљији, се појави можност да се заменат позициите на коалиционите пратнери во Владата, така што СДСМ на својот коалициски партнер ќе му го отстапи Министерството за образование со кое во моментов раководи министерката Рената Дескоска, а за возврат, како што се зборува, кадар на СДСМ да го пополни испразнетото министерско место во Министерството за правда со кое што досега раководеше Билен Саљији од ДУИ.

извор: slobodenpecat.mk

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top