Машката ракометна репрезентација попладнето со дебакл ги заврши настапите на Медитеранските игри што се одржуваат во Турција. Со поразот од Тунис од 19-35 Македонија го освои осмото место од вкупно десет учесници.
На игрите Македонија извојува само две минимални победи со по еден гол разлика против Алжир и Турција и три катастрофални порази од Србија со 19-27, од Италија со 20-33 и од Тунис.
И машката и женската репрезентација имаа разочарувачки резултати на Медитеранските игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.