| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска истекува рокот за поднесување барања за електронски здравствени картички

zdravstvena kartickaБарањата за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) ќе можат да се доставуваат и денеска. Сите подрачни служби на Фондот низ државата ќе работат во период од 07:30 до 19 часот, соопшти ФЗОМ.

 

Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната служба Скопје, во период од 07:30 до 19:00. Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто осигурениците ќе може да достават барања од 7:30 до 15:30 часот каде ќе има одговорни лица од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК.

– Со ова тимот на ФЗОМ сака да им овозможи на сите осигурениците кои нема да можат да ги достават барањата денес, да го направат тоа и во сабота, 29 јуни 2013 година, со цел да се запази предвидената законска регулатива која предвидува сите осигуреници да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година, се вели во соопштението од ФЗОМ. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top