| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон најбрз во Азербејџан

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на Формула 1 трката што денеска се возеше во Баку за Големата награда на Азербејџан.

Британецот до својата прва победа оваа сезона стигна со време 1:43:44.291 час, пред Кими Раиконен од Ферари кој доцнеше 2.460 секунди зад победникот и Серхио Перез од Форс Индија со 4.024 секунди побавно време од победникот.

Иако во најголем дел од трката беше на првото место, на крајот Себастијан Фетел од Ферари заврши на 4. место.

На патеката во Баку се случија и неколку инциденти. Валтери Ботас ја напушти трката поради пукања на гума, на десното задно тркало. Претходно, клупските колеги од Ред Бул се судрија и испаднаа од конкуренција. Русинот Сергеј Сироткин од Вилијамс во првиот круг се судри со Окон и Алонсо.

Актуелниот шампион Хамилтон по овој триумф е нов лидер во Генералниот пласман со 70 бода. Фетел е втор со 66, трет е Раиконен со 48

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top