Никол Шерзингер не сакала да има секс во тројка со поранешното момче Луис Хамилтон, поради што и дошло до крај на нивната врска.
Пејачката и возачот на Формула 1 не се во контакт од 2015 година, но деталите за нивната бурна осумгодишна врска дури сега испливуваат на површина. Грдите детали ги раскажала 26 годишната љубовница на Хамилтон, Вероника Вале. Спортистот со неа се забавувал после раскинот со Никол, па и се доверувал. Дека сакал групен секс сведочи и обвинувањето на Вероика, дека тој и на неа и вршел силен пристисок да пробаат групен секс.
Вероника открила и дека Никол го напуштила бидејќи немал намера да се ожени со неа, постојано правдајќи се дека не е подготвен за тоа.
-Тој е двојна личност, како Доктор Џекил и Мистер Хајд. Често менува расположнија. Прво беше добар, а потоа почна да ме навредува, се му пречеше. На крајот сватив дека му требав само за секс, па го напуштив – рекла Вероника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.