| четврток, 6 декември 2018 |

Сименс под истрага за местење тендери во Србија, Хрватска, Босна и Бугарија

Државното обвинителство за борба против корупција во Виена е покрената истрага против компанијата Сименс поради сомневање дека дале 50 милиони евра мито за да добијат договори во неколку земји во Југоисточна Европа. Според портпаролот на обвинителството Ерик Мајер, Сименс е под истрага во Србија, Хрватска, Босна и во Бугарија за давање мито за јавни набавки.

Истрагата има информации дека системот на мито функционирал на тој начин што парите биле исплатувани преку договор за услуги за советување, за кое обвинителството смета дека се фиктивни. Текот на парите се движел од матичната фирма во Минхен преку сметки во Лихтенштајн, Кипар и Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top