Грчките власти покренаа обвинение против над 60 лица, кои ќе бидат изведени пред суд во врска со корупциски скандал од пред 17 години, во кој е вмешан и германскиот индустриски гигант „Сименс“.
Истрагата откри дека грчката држава загубила околу 70 милиони евра од договор за продажба во 1998 година на опрема од Сименс на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ.
Судот денеска одлучи дека 64 грчки и германски државјани треба да бидат изведени пред суд по обвиненија за поткуп и перење на пари. Меѓу осомничените се поранешни официјални претставници на Сименс и ОТЕ, како и поранешен благајник на грчката партија ПАСОК.
Двајца од главните осомничени веќе ја напуштиле Грција, а други живеат во Германија. Датум за судскиот процес се уште не е одреден. Обвиненијата може да резултираат со пресуди од максимум 20 години затвор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција