| четврток, 6 декември 2018 |

Германски „Сименс“ со Египет потпиша договор вреден осум милијарди евра

сименс

Германскиот индустриски гигант „Сименс“ е најголемиот добитник од посетата на Берлин на египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси, кој потпиша договор во вредност од 8 милијарди евра, што е најголема единечна зделка во историјата на компанијата, јави ДПА.

Договорот е потпишан меѓу Ас Сиси и шефот на Сименс Џо Кезер и предвидува достава на 24 турбини на гас, кои ќе бидат монтирани во три нови електроцентрали во Египет, како и за фабрика за делови за ветерници.

– Со овие договори Сименс и партнерите го поддржуваат економскиот развој на Египет со користење на природен гас и користење на обновливи технологии за создавање на трајна енергетска комбинација за иднината на земјата- истакна Кезер.

Египет планира да ја користи новата опрема за зголемување на капацитетот за производство на енергија за 50 проценти. Германскиот министер за економија Зигмар Габриел изјави дека Германија ги разгледува можностите да даде гаранции во случај Египет да има проблеми со плаќањето.

Екоеномскиот раст на Египет во 2015 година се очекува да изнесува 4 проценти, додека германско-египетската трговска размена во 2014 година оствари раст од 20 проценти на 4,4 милијарди евра, јави ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top