| четврток, 6 декември 2018 |

Германски „Сименс“ измамен во Русија – гасни централи завршиле на Крим

Германскиот индустриски гигант „Сименс“ (Siemens) денеска соопшти дека ќе запре некои од своите активности со Русија, откако беше обелоденето дека негови четири гасни турбини што првично беа испорачани во Русија, „без негова согласност“ биле префрлени на Крим, пренесоа француските медиуми.

„Сименс“ќе ги продаде свои малцински удели во руската група „Интеротоматика“, ќе го прекине договорот за лиценци во областа на опремувањето на електрични централи и засега целосно ќе ги запре испораките на опрема за централи на компаниите што се контролирани од руската држава, посочи германскиот концерн во коминике, пренесува БТА.

Пред приближно две недели „Сименс“ соопшти дека од сигурни извори добил информации дека две од четирите гасни турбини, што компанијата ги испорачала за проектот „Таман“, во јужниот дел на Русија, на крајот се нашле на Крим.

Локацијата на која завршиле другите две турбини тогаш не беше позната.

„Сименс“, меѓутоа, сега добил сигурни сведоштва дека и покрај неговите напори сите четири гасни турбини, што минатото лето биле испорачани за проектот „Таман“, го смениле локалното ниво и незаконски биле преместени на Крим, спротивно на обврските од договорот, објасни денеска минхенската компанија. Таа информира дека почнала судски постапки во Русија.

Русија во 2014 година го анектира украинскиот Полуостров Крим и овој регион веќе е под санкции на ЕУ, кои треба да се почитуваат од европските компании, забележуваат француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top