| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре заладување и снег

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд, информира УХМР.

Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.В петок сеуште ќе има повремени од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top