-Министерството за култура, со поддршка од Владата на Република Македонија, од 2014 година ќе врши откуп на ликовни дела со кои ќе се збогатат музејските збирки на институциите од областа на културата во Република Македонија, а, исто така, ќе се откупуваат и дела од особен национален интерес за културата и за историјата на нашата држава, oваа мерка, која е предвидена во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година, денеска на прес-конференција ја најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со уметникот Александар Станковски, кој е член на Советот за култура, и со директорката на Музејот на современата уметност, Елиза Шулевска.
Таа појасни дека во изминатиот период беа направени повеќе анализи на состојбите во дејноста, беа консултирани повеќе истакнати уметници, историчари и теоретичари на уметноста, кустоси на ликовните збирки во најзначајните институции и нивните директори, што доведе до сознание дека постои потреба од дополнување на постојните музејски збирки, пред сè, на Националната галерија на Македонија и на Музејот на современата уметност. Канческа-Милевска нагласи дека оваа потреба беше нагласена и од членовите на Советот за култура, кои дадоа голема поддршка за наоѓање на формите со кои ќе се подобрат состојбите во ликовната дејност.
Од в година, Министерството за култура ќе објавува јавен конкурс и на годишно ниво ќе издвојува по четири милиони денари за откуп на дела на автори што дале исклучителен индивидуален придонес во развојот на ликовната уметност во Република Македонија, автори – потврдени промотори, пионери, иницијатори на одредени појави, движења и стилови во националната ликовна уметност. Ќе се откупуваат и дела на уметници што учествувале на значајни групни изложби или манифестации во земјава и во странство (на пример: „Документа“ во Касел; меѓународните биеналиња во Венеција, Сао Паоло, Истанбул и во Александрија; „Манифеста“; „Венеција опен“ итн.), дела застапени во публикации (најзначајните светски и македонски енциклопедии, книги, монографии, каталози, стручни списанија и сл.), како и дела од млади уметници со истакнат ликовен израз, чиишто самостојни изложби се организирани од врвните институции за ликовна и музејска дејност во државава. Селекцијата на делата ќе ја врши комисија од истакнати стручни лица и историчари на уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците