| четврток, 6 декември 2018 |

„Готен“ ја објави „Панкот е мртов“ на Томаж Космач

Нова одлична книга од словенечкиот автор Томаж Космач во превод на Дарко Спасов. Панкот е мртов!

Расказите од „Punk is dead“ се напишани на директен и соголен јазик со посебна исповедна моќ. Авторот ги опишува со алкохол натопените секојдневни настани на раскажувачот и неговите сопатници. Тие се наоѓаат на општествените маргини, водејќи живот чии мотиви најчесто само самите можат да си ги објаснат. Аутсајдери од словенечкото општество, губитници кои се надвор од речиси секоја општествена вклученост. Но, Космач нивните мали драми ги прикажува со специфична човекова блискост и разбирање, така што кај читателот се појавува силна емпатија за нив. Збирката раскази е натопена со трагикомични ситуации, со свежи и сурови описи и многу нетипична убавина… А сите овие елементи уште еднаш го отвораат прашањето за етаблираните општествени норми.

Книгата е објавена со поддршка на литературната мрежа Традуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top