Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ на Мјузик вик фестивал лудувала со маж кој веќе неколку месеци се споменува како нејзино ново момче.
Бизнисменот е наведен и како главна причина поради која Ана и нејзиниот сопруг Дарко Лазиќ се развеле, но ниту еден од нив тоа не го потврдил. Наводно Даниел, поради врската со, се уште мажената Ана, добил ќотек во центарот на Белград, а како нарачател на неговото претепување означен е токму Дарко Лаизќ. За тој инцидент постои и друга верзија, според која го нападнале неколку насилници и го ограбиле. Случајот е пријавен на полицијата.
Инаку Ана, токму поради разводот од Лазиќ, на Копаноник била во центар на вниманието. Каде и да се појавела, сите гледале во неа, а цело време била во друштво на бизнисменот, за кој се наајвува дека наскоро ќе се разведе. Тие прво дошле на настапот на Јелена Карлеуша. Се обидувале да бидат незабележани, но тоа не им трганло од рака. Тие заедно со своите пријатели се забавувале и на концертот на Аца Пејовиќ. Севиќ цело време не се одвојувала од Даниел, играле заедно, а тој цело време нешто и шепотел.
Ана сепак не сакала да зборува за новата љубов.
-Се уште не сакам ништо да зборувам. Не сум достапна за коментар – рекла пејачката за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ана Севиќ зборува за веридба додека Дарко лежи во болница: Во студио влезе со Даниел и спомена брак!
-
Еве каде живееше Ана Севиќ пред да му стане девојка на Дарко Лазиќ (галерија)
-
Ана Севиќ секој ден е крај поранешниот маж: Едвај чекам да види колку е сакан!
-
Дали поради тоа Дарко и погледа на смртта во очи: Ана Севиќ планира свадба!