| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Севиќ секој ден е крај поранешниот маж: Едвај чекам да види колку е сакан!

Дарко Лазиќ, кој се разбуди од кома после 6 дена и откако дожива сообраќајна несреќа, секојдевно го посетуваат родителите, братот, свршеницата Марина, но и поранешната сопруга, Ана Севиќ.

Водителката и пејачка, со која Дарко ја има ќерката Лорена, не се огласуваше за медиумите, туку само преку социјалните мрежи, па така и овојпат објаснила дали и кога оди кај поранешниот сопруг во болница.

-Пред се сакам да ви се заблагодарам на поддршката и молитвите, енергијата која му ја праќате, едвај чекам да види колку е сакан!Од првиот ден, па и во иднина, мојот престој во болницата  кај него е моја приватна работа и не е нешто што сакам да биде дел од јавноста-напишала меѓу другото Ана Севиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top