| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Севиќ зборува за веридба додека Дарко лежи во болница: Во студио влезе со Даниел и спомена брак!

Ана Севиќ, кој се уште е во брак со пејачот Дарко Лазиќ кој се наоѓа во болница после тешката сообраќајна несреќа и лекарите се борат да му ја стабилизираат состојбата, во емисијата Амиџи шоу зборувала за момчето Даниел со кој влегла во врска по разделбата од пејачот.

-Ние сме во сериозна врска, се е како што треба- рекла Ана Севиќ за романсата со новиот избраник, додека на прашање на водителот дали се свршени, останала мистериозна.

-Е сега, многу ме прашуваш…Не можам тоа да ти го кажам – истакнала Ана, па навела дека за тоа треба да го праша нејзиниот партнер.

Ана навела дека официјално се уште е во брак со Дарко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top