| четврток, 6 декември 2018 |

Дали поради тоа Дарко и погледа на смртта во очи: Ана Севиќ планира свадба!

Ана Севиќ ќе ја одложи свадбата со момчето Даниел Недељковиќ, а сето тоа поради тешката здравствена состојба на нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ во која се најде после тешката сообраќајна несреќа. Како што пишува српски Телеграф, Севиќ решила да ги прекине сите подготовки за венчавката додека состојбата на Дарко не се стабилизира.

-Ана го извести Дарко за нејзините планови за венчавка. Иако веќе една година се разделени, Дарко се надевал дека нешто ќе се промени и дека тие на крај повторно ќе бидат заедно. Ова сознание му ги сруши сите надежи и после разговорот со Ана буквално не се трезнеше, а потоа доживеа и сообраќајка, после која Ана падна во очај – вели добро информиран извор.

-Таа буквално не престана да плаче. Многу тешко ја поднесува состојбата на Дарко, па затоа му рекла на Даниел дека е подобро да ги стопираат подготовките за венчавката. Даниел не го изненадила оваа изјава, бидејќо бил подготвен на таков нешто. Тој цело време и е поддршка и има разбирање за ситуацијата во која се најде – завршува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top