Д. С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доби кривична пријава. Тој е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување – изјави министерот Спасовски попладнево на прес-конференција.
Очекува многу скоро во законски утврдена постапка сомнежот да биде потврден или отфрлен.
– Оддавање службена тајна, загрозување и наштетување на кривична истрага се казниви дела. Граѓаните ни ја дадоа довербата да се бориме против криминалот и за било какви потврдени незаконски активности ќе има нулта толеранција. Тоа треба да му биде јасно секому – изјави Спасовски.
МВР, рече, нема да толерира загрозување истраги и постапки.
– Ова е пораката за секој кој има намера да соработува или да учествува во криминалот без оглед на позицијата која ја има во општеството и институциите – нагласи Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.