| четврток, 6 декември 2018 |

МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите

Во минатитот месец беше актуелна веста дека Командантот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски ја злоупотрбил службената должност, односно беше објавена фотограффија во медиумите на која се гледа како службено возило на МВР, управувано од Димовски се наоѓа на паркинг во Охрид. Единицата „Алфа“, чиј командант е Димовски има овластувања за дејствија само на територија на Градот Скопје, активности надвор од Скопје може да врши само со претходно овластување од Началникот на СВР Скопје. Како што тогаш објавија медиумите, Димовски бил на свадба во Охрид со службено возило.

Претходно, сега веќе поранешниот директор на БЈБ Лазе Велковски беше сменет од функцијата поради тоа што и тој го злоупотрбил службеното возило.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи гостувајќи во емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“ телевизија изјави дека знаат кој ги направил фотографиите на Димовски. И наместо МВР да се фокусира на злоупотреба на службената должност, за нив, поважно е кој го „фатил на дело“ Димовски.

Откако веста за злоупотреба на службено возило за приватни цели беше објавена во медиумите, од МВР соопштија дека немало злоупотреба и дека Димовски возилото го користел законски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top