| четврток, 6 декември 2018 |

Угостителите од Водно протестираат за забраната за возила

Угостителите од Водно се на протест за забраната за возила, бидејќи како што и самите велат сега се на раб на егзистенција.

И минатиов период поради ваквата одлука дел од угостителските објекти се затвориле. Реагирале до сите надлежни институции и градот Скопје, а се обратиле и до народниот правобранител, пренесе 24инфо.

Забраната беше воведена како мерка за намалување на загаденоста на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top