Водно е единствениот спас за скопјани и оние кои живеат во Скопје во време кога загадувањето станува опасно по живот. Но во моментов и таму багерите сакаат да земат дел од зеленилото.
– Втор ден како багерите не се активни на врв од Водно. Да се надеваме дека ќе остане така. Водно денеска, прекрасно, сончево, чисто. Ова е Водно за кое се бориме и кое го сакаме. Водно на шумските патеки, мирно, не на градежната механизација, на патишта и гасоводи. За ова Водно вреди да се избориш. Другото има начин. Водно нема – велат од иницијативата Го Сакам Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.