| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот јазик стана службен во општина Чучер – Сандево

Čučer_Sandevo_grb_so_boi

Во општина Чучер Сандево денеска почна да се применува албанскиот јазик, според Законот за употреба на јазиците, јави „Алсат – М“.

Еден од советниците Албанци во оваа општина, Азиз Авдиу, констатираше дека веќе се исполнети сите услови со цел Општина Чучер Сандево да се смета како институција што ги почитува сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Според него, на денешниот состанок на Советот на Општината сите материјали биле и на албански јазик, а имало и симултан превод.

– За првпат се употребува албанскиот јазик во Општина Чучер Сандево. Се чувствуваме емотивно, иако претходно имаше обиди да не се дозволува употребата на албанскиот јазик во оваа институција, благодарение на Законот за локална самоуправа, кој беше усвоен во 2002 година, благодарение на војната во 2001 година, ние денес го почнавме состанокот во 10 часот, имаше вработен преведувач на Општината, додека материјалите ни беа на албански јазик. За ова му се заблагодарувам на министерот за локална самоуправа, истовремено и на телевизија „Алсат-М“, која го расветли сето тоа и што го најде градоначалникот Јован Пејковски со цел ова да се реализира по брза постапка – рече Авдиу.
Според последните официјални статистики во општина Чучер Сандево живеат повеќе од 27 проценти граѓани Албанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top