| четврток, 6 декември 2018 |

Емил Шулајковски и Јана Куновска изложуваат во Белград

Со голема помпа српските медиуми ја најавуваат големата изложба на македонските сликари во Белград. Ова е прво заедничко претставување во белград на Емил Шулајковски и Јана Куновска, чија изложба ќе биде отворена на 13 март во галеријата “Pro3or”.

На изложбата ќе бидат претставени 42 уметнички дела. Јана Куновска покрај бројните изложби во Европа, на Балканот и во Америка, како значајни изложби ги истакнува оние во КИЦ во Скопје, Музејот на град Скопје, Линколн центарот во Њујорк, Германија, Загреб, Цеље и многу други. Куновска на изложбата ќе се претстави со циклусот под наслов „Тажни мачки/Мали ластовичкиз“ (Tužne Mačke / Male Lascivne Laste“) , кој се состои од дела работени во последниве седум години.

Од друга страна Емил Шулајковски своите дела повеќе пати ги изложувал во Европа и Америка, а како најзначајни ги издвојува во КИЦ во Скопје, галеријата Сингидун во Белград Нишкиот културен центар, Подгорица, Њујорка, Љубљана, Нинберг…и други. На изложбата ќе се претстави со циклусот „Огнена земја“ (“Vatrena zemlja”_ со дела изработени во последниве три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top