Од раскошните били и шик апартмани во космополитски градови до историски замоци во оддалечени земји, туристите, во зависност од тоа колку можат да потрошат, имаат пристап до ретки и луксузни апартмани благодарение на сервисите кои изнајмуваат недвижности за туристи. Верувале или не, еден од тие лускузни апартмани се наоѓа токму во Скопје.
Како што пишува престижниот магазин Форбс, за сите оние кои бараат нешто лускузно и надреално, ова е апартман инспиран од Салвадор Дали кој се наоѓа во центарот на Скопје. Изнајмувањето на овој апартман чини 44 долари од ден, а во цената е вклучен приватен лифт и паркинг.
Погледнете ги фотографиите од овој простор кои предизвикаа светски интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.