Официјално најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, се чини несвесно откри каде ќе ја продолжи кариерата откако ќе го напушти составот на Реал Мадрид.
Како што пренесуваат американските медиуми, Роналдо минатата недела купил апартман вреден повеќе од 18 милиони долари во центарот на Менхетен. Апартманот се наоѓа на славната њујоршка Петта авенија, во Трамп Тауер и е со површина од 765 квадратни метри.
Со тоа, како што велат медиумите, Роналдо откри каде ќе ја продолжи својата кариера. Тој по сѐ изгледа ќе се пресели во МЛС-лигата, најверојатно во еден од двата тима од Њујорк, Ред Булс или Сити.„ Спортс илустрејтед“ минатата недела објави дека најверојатно следна дестинација ќе му биде Лос Анџелес Галакси, но купувањето на апартманот во Њујорк дава сосема нова насока во неговата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со скок од луксузен хотел на Менхетн, се самоуби крадец на вредна колекција вино
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк