Пејачката Цеца Ражнатовиќ од сега може да се пофали дека еден апартман во најлуксузниот хотел на Црногорското приморје го носи нејзиното име. Менаџментот на комплексот на Беќиќи решил еден апартман да се вика по фолк ѕвездата, бидејќи таа редовно таму престојува.
Ова не е прв случај, бидејќи името на Цеца го носат уште два апартмани, во Љубљана и Будимпешта.
Ражнатовиќ со овој гест станала привилегирана со оглед на тоа дека апартманите во овој хотел се обележани со букви.
– Менаџментот на овој начин сака да и се оддолжи на пејачката за промоцијата на хотелот. Кога и да престојува таму, таа се сместува во тој хотел. Тогаш Цеца привлекува големо медиумско внимание, што допринесува за реклама на комплексот. Во текот на летото на влезовите на вратите ќе бидат поставени плочки на кои ќе пишува „Цеца“ – рекол извор близок на менаџментот на хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.