| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки против Салерно, па потоа веројатно со Ростов, за пласман во ЛШ

Ракометарките на Вардар ќе играат со италијанската екипа Салерно, a потоа веројатно и со рускиот тим Ростов, во квалификациите за настап во Лигата на шампионите. Во полуфиналето нашиот шампион ќе игра против Салерно, а следен ривал ќе им биде Ростов, ако Русинките го победат тимот на Флури. Ростов според рејтингот е најсериозниот ривал на „црвено-црните“ од Скопје. Полуфиналните средби ќе се играат на 14 септември, а финалето е закажано за еден ден подоцна.

Во таборот на македонскиот првак се свесни дека шансите би им биле уште поголеми доколку самите бидат организатори на овој квалификациски турнир, за што веќе било разговарано.

Вардар каде и да игра, сепак ќе биде апсолутен фаворит бидејќи има вистински дрим-тим и за европски услови. Во последните шест месеци пристигнаа ракометарки од светска класа, како Лекиќ, Радичевиќ, Лејно, Менди, Дембеле, Николиќ, Хмирова, Зебиќ, Ѓокиќ, па јасно е кој е прв фаворит за пласман во елитното европско натпреварување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top