Французите најмалку работат, а најдолго одмораат, објавува европската фондација за истражување на условите за работа „Еврофонд“.
Хрватите, „најновите“ Европејци, работат 32 дена повеќе од Французите и 21 ден повеќе од Германците. Најмногу во ЕУ работеле во Естонија – 35 дена повеќе од Франција, а по неа следат Унгарија, Литванија, Полска, Pоманија.
Според бројот на денови и на работни часови, најмалку работат Французите, Данците и Германците. Французите имаат најкратка работна недела од 35,6 часови. Тоа е нецели 5 часа помалку од Македонија. Притоа, Французите имаат и 10 дена подолг просечен годишен одмор – 30 дена, додека повеќето „транзициски држави“ во ЕУ се на долната граница предвидена со европската конвенција од 20 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


