По интензивните врнежи од снег кои ја зафатија земјава, како и кочанскиот регион, повеќе села од Осоговијата се отсечени од цивилизацијата, соопштија членовите на планинарското друштво Осогово на нивниот Фејсбук профил.
Тие додаваат дека во овие села живеат стари и изнемоштени луѓе, од кои повеќето се болни и им е потребна помош во лекови и некои од основните продукти за прехранување.
– Затоа ние од планинарското спортско друштво Осогово сме расположени да испешачиме повеќе од 30 километри за да им ги доставиме продуктите и лековите кои им се потребни за секојдневна терапија. Секој кој има желба, може да донира продукти и лекови, се вели во повикот.
Контакт за донации тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
„Проект среќа“: Бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на деца во социјален ризик
-
Погба ги повика Фејсбук следбениците заедно да го прослават роденденот со донирање средства
-
Да му помогнеме на дедо Киро, тој е на работ на егзистенцијата!