Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба ги замоли своите 6,9 милиони следбеници на Фејсбук да му помогнат да го прослави 25-тиот роденден, како донираат средства за добротворни цели.
Ѕвездата на Манчестер вредна 89 милиони фунти четвртина век прослави во друштво на семејството и пријателите и го искористи роденденот како повод да повика луѓето да помогнат на организацијата „Чувајте ги децата“. Тој создаде страница за прибирање финансиски средства во социјалната мрежа, а како цел постави собирање на 25 000 фунти.
– Свесен сум се што можам да си дозволам во мојот живот, но, за жал, за други тоа не е така. Затоа за мојот роденден поканувам да се придружите на оваа хумана акција и да донирата од 5 до 1.000 доолари, кој колку може и сака, напиша Погба,.
До моментот на неговиот повик, 96 лица собрале 4.958 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.