Здружението „Проект среќа“ започна со акцијата „Здраво шампиони“, кој ќе им обезбеди бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на деца кои живеат во социјален ризик.
Акцијата ќе биде промовирана на први април, во недела, во рамките на традиционалната Женска трка, кај Фонтаната во Градскиот парк, каде што „Проект среќа“ ќе има донаторски штанд. Сите кои сакаат ќе можат да дојдат и да донираат за идните шампиони.
„Проектот го наменивме за сите деца од Македонија кои сакаат да се занимаваат со спорт а немаат услови за тоа. Поддржан е од Агенција за млади и спорт, од Сојузот на спортови на град Скопје, а очекуваме поддршка од сите производители и дистрибутери на спортска опрема. Пријавувањето за донации ќе биде на нашата фејсбук страница, „Проект среќа“ како и до сега, но овој пат и училиштата, но и спортските клубови ќе можат да пријавуваат деца за кои мислат дека ваква помош им е добредојдена. Се надеваме на голема поддршка од донаторите“, изјави Кристина Арнаудова, претседател на здруежението. „ Можеби токму во тие деца се кријат најдобрите македонски спортисти. Замислете само колклу деца не можат да посетуваат настава по физичко или да одат на тренинзи затоа што немаат опрема“, додаде таа. Акцијата ,,Здраво шампиони,, ќе трае до почетокот на месец јуни.
Освен оваа акција, „Проект среќа“ почна и со реализирање на проектот „Среќно матуранти“ , со кој обезбедува комплетен матурски за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти кои тоа не можат да си го дозволат. „ Ги очекуваме пријавите на сите оние кои имаат потреба од ваква помош на нашата фејсбук страница или кај нашата координаторката Благица Ристов“, изјавија од здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проект среќа: Се отвора првото музичко училиште за деца и млади кои се социјално загрозени или со помалку можности
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Меѓународен ден против сиромаштијата-17 октомври: „Проект среќа“ организира конференција за деца во социјален ризик
-
Со хуманитарна „Паста парти“ ќе се донира за бесплатна спортска опрема за деца кои живеат во социјален ризик