| четврток, 6 декември 2018 |

Да му помогнеме на дедо Киро, тој е на работ на егзистенцијата!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор 077 707 191.

Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош. Условите во кои живее придонесуваат за влошување на неговата здравствена состојба.

Апелот за помош го пренесува „Донации“.

Државните институции и социјалните служби сè уште немаат слух за лицата како Киро, кои, за жал, ги има во голем број во Република Македонија.

Пасков е неспособен за работа и со оглед на тоа, не е во можност да си обезбеди подобри услови за живот. Оставен на милост и немилост, заборавен од општеството, гладува со денови, a малата планинска река, како вистински човек од дивината, ја користи за пиење и одржување лична хигиена.

Да помогнеме !!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор 077 707 191.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top