Откако шпанските власти ја обвинија за затајување данок, познатата колумбиска пејачка Шакира брзо-брзо, искешира огромна сума на пари.
Шакира била предупредена со ригорозна казна, а како не би завршила во затвор, таа уплатила повеќе од 20 милиони евра, наведуваат шпанските медиуми.
Тужбата против пејачката покрената е уште во 20111 година, а откако властите ја провериле нејзината финансиска состојба во периодот од 2011 до 2014 година, дошле до заклучок дека затаила данок.
Шакира како даночен обврзник во Барселона се пријавила дури во 2015 година, а пред тоа била пријавена на Бахамите. Во Шпанија престојувала помалку од 6 месеци годишно, па законски немала обврска за пријавување на заработката, тврдат адвокатите на Шакира. Сепак огромната сума пари е исплатена, а властите ќе ја продолжат проверката за наредните 3 години.
Инаку Шакира од 2015 година официјално е жителка на Шпанија и живее со фудбалерот на Барселона Жерар Пике со кој има два сина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Се зборуваше дека се заедно: Надал снимен како танцува на концертот на омилената пејачка (Видео)
-
Разрешен директорот на затворот во Струга