| четврток, 6 декември 2018 |

Се зборуваше дека се заедно: Надал снимен како танцува на концертот на омилената пејачка (Видео)

Познатиот тенисер Рафаел Надал ги покажа своите вештини и надвор од теренот.

Имено, згодниот Шпанец е “фатен“ како танцува на концертот на колумбиската пејачка Шакира во Торонто, а на голема радост на интернетот постои и видео доказ за тоа.

Надал очигледно ужива во музиката на една од најатрактивните пејачки во светот, а како тоа изгледа погледнете во видеото.

Потсетуваме, во 2010 година Надал се најде во спотот на Шакира во кој разменуваат нежности. Токму поради тоа едно време се шпекулираше дека се заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top