| четврток, 6 декември 2018 |

Историска одлука: Германските градови смеат да забранат дизел возила!

На германските градови ќе им биде дозволено да забрануваат дизел возила во некои свои области, како резултат на историска судска одлука.

Федералниот административен суд во Лајпциг објави дека Штутгарт и Диселдорф можат законски да забранат употреба на постари дизел автомобили во зоните кои се најпогодени од загадувањето.

И владата и автокомпаниите се обидоа да ја поништат оваа забрана, која со оваа судска одлука ќе може да се примени на целата држава.

Според судот, оваа забрана е неопходна, откако минатата година во 70 германски градови било надминато нивото на азотни оксиди, пропишано од Европската Унија. Токму емисиите од дизел возилата содржат азотни оксиди, кои можат да предизвикаат респираторни проблеми.

-Ова е голем ден за чистиот воздух во Германија- изјави Јирген Реш, директорот на еколошката група ДУХ, која ги покрена судските спорови во Штутгарт и Диселдорф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top