| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „300.000 километри мотоавантура“ на Жељан Ракела

Авторот, моторџија и авантурист Жељан Ракела денеска ќе ја промовира неговата невообичаена авантуристичка книга „300.000 километри мотоавантура“.

Книгата изобилува со интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања. Ракела минал 300.000 километри, низ пет континенти, за само седум години.

На настанот ќе присуствуваат и Силвана и Тони од мото-клубот „Ноќни волци“, кои ќе ја претстават нивната авантура „Гушни го светот“, односно предизвикот да патуваат со моторцикл низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top