Во утринските часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници, поради снежните врнежи што паѓаа во текот на ноќта и снегот што се задржува на коловозите, се одвива отежнато, но без застој, информира Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје.
Отежната сообраќај особено има долж булеварот Александар Македонски од влез на Скопје кон клучката Континентал, долж улицата Свети Кирил и Методиј и булеварот Свети Климент Охридски во насока на движење кон булевар Мајка Тереза, долж булеварот Кузман Јосифовски Питу од Аеродром кон Центар, долж булеварот Киро Глигоров во насока од мост Тодор Александров кон населба Автокоманда, со тоа што приливот на возила се забележува од булевар Србија, долж мостот Гоце Делчев во двете насоки на движење, долж булеварот 8ми септември од улица Скупи кон крстосница со булевар Илинден како и долж улицата 11 октомври во двете насоки на движење.
Екипите на ЈП Улици и Патишта, апелираат до сите граѓани да не се паркираат на коловозите за да може чистењето на снегот да се одвива непречено, но и до учесниците во сообраќајот да возат внимателно, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.