Властите на Рио де Женеиро поднесоа тужба против најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ како одговор на неговата тужба од пред две години.
Ѓоковиќ во 2012 година со Густаво Куертен одигра ревијален натпревар и според договорот српскиот тенисер требаше да добие еден милион и сто илјади долари, од кои досега му биле исплатени само 450 илјади. Поради тоа српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650
илјади долари.
Меѓутоа сега бразилските власти поднесоа контратужба против Ѓоковиќ за административни неправилности за време на споменатата посета. На листата тужени се најдоа и компаниите кои го организираа овој настан.
Во тужбата се наведува дека нерегуларно ја добиле организацијата на тендер и дека го оштетиле градскиот буџет, а се наведува сума од околу еден милион долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Она што ми го шепна нема да му го заборавам: Ѓоковиќ го утеши расплаканиот Дел Потро (ВИДЕО)
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка