Девојка која падна од мост во американската сојузна држава Вашингтон и преживеа, сега бара другарка и која ја турна да биде осудена.
– Отпрво не сакав другарка ми да има проблеми, но откако размислив подобро, сега сакам таа да си поседи в затвор и да размисли за тоа што го стори. Јас можев да загинам, истакна 16-годишната Џордан Холгерсон.
Таа откако минатата недела беше турната од мост висок 20-тина метри при падот се здоби со шест скршени ребра и повеќе внатрешни повреди, но сепак успешно закрепнува.
Таа истакна и дека нејзината 18-годишна другарка Тејлор Смит ниеднаш не ја посетила в болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.