Сензационален трансфер и ангажман на еден од најдобрите леви бекови во Европа, Павел Атман, реализираше денеска ракометниот клуб Металург. Најавени се уште неколку трансфери на нови ракометари, што дава надеж дека клубот од Автокоманда ќе има силен тим и ќе може да му се приклучи на Вардар во фазата по групи во Лигата на шампионите. Металург доби вајлд-карта од ЕХФ и постои голема веројатност да биде организатор на турнирот, на четирите кандидати, Пик Сегед, Монпелие и Висла Плок, во битка за едно место во ЛШ.
Русинот Алтман е првата ластовичка, а тој беше најдобар стрелец на својот тим Динамо Минск во ЛШ минатата сезона успевајќи дури 54 пати да ги совлада противничките голмани.
„Иако имав понуди од неколку европски екипи, а некои беа и финансиски подобри, се решив за екипата на Металург, чиј развој го пратам неколку години. Многу сум среќен што потпишавме договор и што ќе настапувам за екипа која постигна одлични резултати во Лигата на шампионите“, изјави Атман по потпишувањето на двогодишниот договор со „металурзите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


