Македонските борачи дефинитивно го обелеа образот на македонската експедиција на Медитеранските игри, во Турција, а денеска жетвата на медали ја продолжи Јасин Реџалари. Тој е четвртиот македонски репрезентативец, по Богданов, Данов и Митров, кој стигна до медал во Мерсин.
Откако во полуфиналето беше поразен од Мароканецот Фатах, Реџалари не се предаде, туку доминираше во борбата за третото место против Адам Вела од Малта. Македонскиот борач беше подобар во сите аспекти и со вкупен резултат од 15-0 си поигра со противникот,и стаса до бронзен медал. Од останатите спортови, само уште боксерот Фатлум Жута стаса до победничкиот подиум со освоен бронзен медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.