| четврток, 6 декември 2018 |

Заев напролет ќе „проветрува“ кадри

Премиерот Зоран Заев во интервју за Призма најавува дека напролет ќе има кадровски промени во институциите, заради забелешките дека отсуствува енергична реакција со која јасно ќе се обзнани нулта толеранција за неодговорно и коруптивно однесување.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата. Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото… Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат. Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат. Рекапитуларот ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме. Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција. Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари…- најавува премиерот.

Заев во интервјуто зборува за преговорите за решавање на спорот за името, како и за критиките што ги трпи на домашната политичка сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top