Деновиве културата е во фокусот во Македонија, не поради тоа што направила, туку за фондовите, обвинувања за измами и корупција, смета новинарот од Алсат-м телевивија, Назим Рушиди. Осветливањето на скандолозното делење на пари преку Годишната програма за култура ја разниша владеачката структура. Очигледно некому многу му прелечо објавувањето на вистината па целиот тираж на весникот “Коха“ наменет за во Кичево, во кој се пишувало за скандалозните финансирања, бил откупен со цел кичевчани да не прочитат и да не ја дознааат вистината. Тој своите констатации ги изнесува во неговата дебатна емисија “200“, во која еден од соговорниците беше државниот секретар на Министерството за култура, Валмир Азири.
Рушиди изрази зачуденост, како е можно чин на обрежување да се смета за културна вреднот, а при тоа и да добие финансиска поддршка од Министерството за култура.
– “Прашина“ и чудење покрена предлогот на проектот на обрежување. Да, да, добро слушнавте, обрежувањето кое се гледа како културна вредност. Потоа не вклучувајќи сомнителни активности, роднински врски или непотизам во распределбата на фондовите за културни проекти во годишниот план на Министерството за култура во Македонија, рече водителот.
Рушиди вели дека избивањето на површина на овие скандали предизвика некој во Кичево да го купи целиот тираж од петочниот број на весникот на албански јазик “Коха“, кој го откри скандалот за брачните другари на кои им е одобрена финансиска поддршка од 3.2 милиони денари, а кои се во блиски родниски врски со сектерат во Министерството за култура, со цел да се спречи весникот да стигне во рацете на читателите.
– Избивањето на површина на овие прашања направи историја и поради еден друг факт. Петочниот број на весникот “Коха“, во целост беше откупен само во Кичево, не дозволувајќи тој да заврши во рацете на читателите. Имало и такви случаи кога разни обвинети го купувале целиот број на весникот, но никогаш во моето сеќавање, и за ова истражував, за настани или фондови кои се поврзуваат со културата и уметноста, рече Назим Рушиди.
Државниот секретар во македонското Министерство за култура, Валмир Азири, потврди дека има вработени и роднини на вработени во министерството кои добија финансиска поддршка во рамките на Националната годишна програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците