| четврток, 6 декември 2018 |

Икарди со хет-трик му донесе победа на Интер во големото градско дерби

Аргентиснкиот напаѓач, Мауро Икарди беше херојот на Интер кој вечерва постигна хет-трик во големото градско дерби и успеа да го победи вечниот ривал, тимот на Милан со 3-2. Младиот капитен на домаќините беше стрелец најпрво во 28.минута кога на фантастичен начин реагираше на центаршутот на Кандрева и ја смести топката зад грбот на Донарума. На стартот на вториот дел, „росонерите“ израмнија преку Сусо во 56.минута, кој погоди во долниот десен агол од голот на Хандановиќ.

Но, Икарди повторно го доведе Интер во водство во 63.минута. И тоа не беше се, „миланезите“ не се предадоа, па Бонавентура израмни на 2-2 во 81.минута.

На крајот, сепак се радуваа „нероаѕурите“. Беше досуден пенал за Интер, Мауро Икарди ја зема топката и по третпат го надмудри Донарума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top