Следната сезона екипата на Вардар ќе остане без услугите на дефанзивецот Илија Абутовиќ. Српскиот репрезентативец е со најдолг престој во „црвено-црниот“ тим покрај капитенот Стоилов и дури по седум години ќе си замине од Скопје.
Во изјава за 24Ракомет, Абутовиќ вели дека ќе му недостига Скопје, но дека и без него Вардар ќе остане силен.
– Многу ми е жал што нема да играм догодина во Скопје, но таков е животот, вели Абутовиќ која додаде дека и без него Вардар може да стигне со „фајнл форот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.