Ракометарот на Вардар, Илија Абутовиќ од следната сезона и дефинитивно ќе го носи дресот на Рајн Некар, а германскиот клуб денеска го потврди трансферот.
Специјалистот за одбрана, Илија Абутовиќ потпиша две годишен договор со Рајн Некар кој ќе започне од следната сезона.
– Поминав одличен период во Скопје, освојувањето на Лигата на шампионите беше круна. Но германската Бундеслига едноставно е најсилната лига во светот каде секој ракометар сака да игра. Рајн Некар не е само најдобриот клуб во Германија, туку има големи цели за во иднина. Сакам да дадам допринос за идните успеси, изјави Илија Абутовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.