На социјалните мрежи се појави фотографија од лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која се гледа дека во појасот носи пиштол. Како што стои во објаснувањето на фотографијата, која ја објавија и дел од албанските портали, Ахмети бил во неговото родно село каде што го посетил блиското бачило
Од ДУИ не даваат одговор дали Ахмети има дозвола за пиштолот, а дури и да има, во Македонија нема можност за добивање на дозвола за носење на оружје, туку само за поседување.
Ниту МВР ниту јавното обвинителство се уште немаат никаква реакција за ваквото однесување на Ахмети, иако фотографијата е стара најмалку една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.