Грчката академија на науките и уметностите преку соопштение ги коментира разговорите за името меѓу Македонија и Грција, посочувајќи дека е потребен договор затоа што тоа е во интерес на двете земји, но како предуслов споменува уставни промени.
Во соопштението објавено од грчките медиуми, Академијата наместо привремената референца ПЈРМ, за нашата земја ја користи фразата „државата на Скопје“, јавува дописникот на МИА од Атина,.
„Академијата забележува дека неопходен предуслов за било каков договор за името на државата на Скопје треба да биде измена на Уставот, напуштање на иредентистичките барања (учебници, географски карти, споменици на Александар Велики итн) и присвојувањето на историјата, на културата и на симболите на нашата земја. Местото на населување на еден народ не го одредува нивниот идентитет. Одолговлекувањето на нерешеното прашање не е во интерес на двете земји“, се наведува во соопштението што го пренесуваат грчките медиуми и го коментираат како една од ретките реакции и ретките случаи кога Академијата зазема став.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова страница во кариерата на Џерард, почна како тренер во академијата на Ливерпул
-
ФК Вардар известува, првите 50 пријавени деца ќе добијат еден месец гратис
-
Академијата на ФК Вардар иден лидер во создавањето на нови фудбалски надежи (ФОТО)
-
Стратев: Фудбалската академија ќе биде главен генератор на фудбалери за националните селекции